Со модна ревија во хотелот „Лимак“ во Скопје, се одбележаа 20 години од првата Модна недела во Скопје – Fashion Week Skopje Macedonia.

Како и пред две децении, на модната писта зачекорија некои од најубавите македонски жени, поранешни мисици и манекенки, но и мажи модели, кои долго време не се дел од модната индустрија кај нас.

Ревијата, како и пред 20 години, и сега ја организираа Мики Црнокрак и Милорад Цајиќ со нивните агенции „Модното студио Црнокрак“ и „Кворум моделс“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.