Модната креаторка Силвија Михајлвоска која стои зад брендот „Алшар“ ја подготовува новата колекција „Челични магнолии“ („Steel Magnolias“) за традиционалниот настан Моден викенд Скопје чие 28. издание почнува денеска и ќе се одржува до 30 март во скопскиот трговски центар „Ист гејт“.
Програмата на 28. издание на Моден викенд Скопје започнува денеска во 17 часот со две изложби, на Шпанската амбасада и на Друштвото на ликовни уметници. Од 19 часот е ревијата на дизајнерката Радмила Георгиева.
Ревија на студентите на Европскиот универзитет во Скопје ќе се одржи на 29 март од 19 часот, по што следува ревија на дизајнерката Михајловска во 20 часот. На 30 март се ревиите на венчални фустани на Наташа Карцева, Анастасија Трајковска, Ана Весели и други.
Новата пролетна колекција на „Алшар“ е наречена STEEL MAGNOLIAS, а името е инспирација од истоимениот филм, кој е поим за жени со традиционална женственост, но истовремено се наконвенционални и исклучително силни. Оваа колекција е поддржана и спонзорирана од „Макстил, вели во разговор за „Република“ Михајловска.
Често нејзините колекции се инспирирани од филмови или книги, како на пример колекцијата инспирирана од филмот на Сидни Полак „Моја Африка“, во кој главните улоги ги толкуваат холивудските ѕвезди Мерил Стрип и Роберт Редфорд. Потоа следеше есенска колекција „Deep blue“, инспирирана од морските длабочини, па „Калеш Анѓа“… За колекцијата „Моја Африка“ Михајловска беше избрана за најдобар дизајнер на 15. издание на Моден викенд Скопје.
Новата колекција која ќе биде претставена на претстојниот Моден викенд Скопје носи наслов „Челинчи магнолии“. Што беше инспирација за насловот за колекцијата пролет-лето?
МИХАЈЛОВСКА: Новата ready to wear пролетна колекција на „Алшар“ е наречена STEEL MAGNOLIAS. Името е инспирација од истоимениот филм, кој е поим за жени со традиционална женственост, но истовремено тие се наконвенционални и исклучително силни!
Што содржи колекцијата? Дали ќе ги има препознатливите асиметрични кроеви, сликани елементи…
МИХАЈЛОВСКА: Колекцијата соджри повеќе од 30 изгледи по примерот на познатите модни куќи. Креациите ги имаа препознатливите силуети на мојот бренд: асиметрични кроеви, со многу волумен, сликани елементи и метални патенти, а овој пат се збогатени со рачно везени свилени цветови инсписирани од цветот на магнолија. Додадена вредност на целата колекција е тоа што сите изгледи ќе бидат дополнети со скулптурален метален накит од мојот колега Александар Стојанов – Зорин.
Кои материјали се застапени во колекцијата?
МИХАЈЛОВСКА: Креациите се изработени од памучни брокати, свила, црна, бела, сребрена и златна боја.
Дали само за „челични“ дами е оваа колекција? Кому се му е наменета?
МИХАЈЛОВСКА: Колекцијата е посветена на сите мои пријателки – челични жени! Ја посветувам на сите силни жени кои чекориме низ животот соочувајќи се со сите животни предизвици со љубов, мудрост и истрајност.
По што ќе се издвојува оваа колекција од другите на Силвија Алшар?
МИХАЈЛОВСКА: Оваа колекција е замислена да содржи безвремнски парчиња облека која не е само моментален тренд, туку се креации кои ќе функционираат и ќе изгледаат свежо, ново и модерно во многу наредни сезони. Станува збор за уникатни, беспрекорно изработени дизајнерски парчиња облека од високо квалитетни ткаенини.
Редовно учестувате на Моден викенд и вашите ревиии привлекуваат многу внимание. Колку и зошто се важни овие настани за модните креатори?
МИХАЈЛОВСКА: Модните ревии за дизајнерот се величенствено креативен, но исцрпувачки процес. Преку нив се реализира визијата на дизајнерот, се создаваат нови трендови, се прикажува целосниот изглед на креациите…
Што мислите за модата во Македонија? Како и во кој правец се развива?
МИХАЈЛОВСКА: Модниот викенд и вакввиот тип на настани многу години ја издигнуваат модата во Македонија на повисокоо ниво, ја едуцираат публиката и се трудат да бидат во чекор со светските трендови. Модните настани се доближување и почит кон публиката и клиентите. Ревии и воопшто нови колекции на моите колеги за жал немаше многу во изминативе години, но имам впечаток дека доаѓаат нови млади и талентирани креативци кои ќе внесат свежина и квалитет на македонската модна сцена во иднина.
Разговараше: Александра М. Бундалевска
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.