Откако некои граѓани пријавиле дека добиле шуга откако носеле облека од продавницата Зара во Подгорица, во посочената продавница била испратена санитарна инспекција, потврди за подгоричка „Побједа“, Ана Вујошевиќ, директор на Управата за инспекциски работи на Црна Гора.

Муштериите се сомневаат дека добиле шуга од носење облека од продавницата на Зара, по што им се појавил осип на стомакот или грбот.

Кои се симптомите на шуга

Шуга е заразна болест на кожата. Се пренесува со директен контакт со кожата на пациентот, но и на други начини.Може да се пренесе и со споделување постелнина, лични предмети, долна облека и гардероба со заразено лице.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.