-
Рош Македонија веќе 25 години, посветено работи да се намалат разликите во достапноста на навремена дијагноза и соодветен третман на ракот и да се овозможат најдобри исходи за пациентите.
-
Ги повикуваме сите да се придружат кон кампањата затоа што само со партнерство можеме да постигнеме вистински напредок и да го намалиме товарот од ракот на пациентите, нивните семејства и општеството.
-
Декларација за борба против рак – платформа за соработка меѓу пациентските/граѓански здруженија со цел намалување на јазот на нееднаква здравствена грижа за сите онколошки пациенти.
Светскиот ден за ракот, 4 февруари се одбележува како дел од глобалното движење кое го предводи Унијата за меѓународна контрола на рак. Целта на ова движење е да се трансформира справувањето со ракот и да се зачуваат животите на луѓето преку навремена детeкција на превентабилните канцери и обезбедување на соодветен третман достапен за сите пациенти без оглед на тоа каде живеат и што работат. Мотото на тригодишната кампања Closethecaregap, истакнува преку унапредување на превентивните мерки, дијагнозата, третманот и нивна достапност за сите, важноста на намалувањето на нееднаквостите во пристапот до соодветна здравствена грижа, преку обезбедување достапна и соодветна превенција, дијагноза и третман за сите.
За да се постигнат реални и одржливи промени во здравјето на луѓето и заедницата, мора да работиме заедно! Во РОШ, ги поддржуваме стратешките партнерства и соработки. Со формирање на партнерства меѓу пациентските организации, јавните власти, здравствените професионалци и фармацевтската индустрија, како и преку разбирање и адресирање на потребите на пациентите, можеме да оствариме системски промени се со цел да се намали нееднаквоста во обезбедување на здравствена грижа, велат од РошМакедонијa.
Додаваат дека поттикнати заедно, со иста цел, го одбележаа денот и ја официјализираа нивната заедничка заложба за унапредување на здравствениот систем во Македонија и намалување на јазот во нееднаквата здравствена грижа. Во склоп на одбележувањето на денот на ракот, се одржа работилница „За еднаков пристап до здравствена грижа” на која беа акцентирани приоритетите за соработка и потпишаna Декларација за борба против рак кон која се приклучија следниве пациентски/граѓански здруженија:
– Живот со Предизвици – Здружение на граѓани со ретки болести
– ХЕМА-ОНКО – Здружение посветено на пациенти со рак и нивни негуватели
– Фемина М – Здружение за помош и поддршка на пациенти со гинеколошки заболувања
– Хепар Центар
– JИА – СКОПЈЕ – Здружението на родители на деца со јувениленидиопатски артритис
– ЕСЕ – Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените
– МЗМП – Македонското здружение на млади правници
– САНО – Здружение за подобро здравство, образование и социјална грижа
Декларацијата говори гласно за тоа што е важно за нас! Да се намали јазот во пристапот до соодветна и современа здравствена грижа за сите пациенти со рак во Македонија, само тогаш ќе направиме суштествени промени во здравството и поубава иднина за сите!, велат од Рош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.