Во изложбениот салон „Лаб дизајн маркет“ денеска ќе биде промовирана новата капсулна колекција на брендот за накит „Капка“, зад кој стои дизајнерката Јана Ацевска.

Капсулната колекција насловена како „РЕфлексии“ има повеќекратни значења – врска меѓу минатото и сегашноста, иновацијата и традицијата, како и традицијата на изработка. Со поврзување на традиционалното со современото се генерираат нови приказни, уникатни и специфични, изјави Јана Ацевска.

Организаторите на настанот ги покануваат посетителите да ја погледнат одблиску колекцијата и да ги поддржат локалните дизајнери и занаетчии и нивната работа.

Една од главните причини за постоењето на „Лаб дизајн маркет“ е поддршката на дизајнерите кои ги ревитализираат и сочувуваат македонските традиционални занаети, давајќи им нова современа форма. Преку овие настани публуката може одблиску да ја запознае работата на локалните дизајнери и занаетчии и со тоа да ја увиди вредноста во нивниот производ. Крајната цел е да стекне доверба во македонскиот дизајнерски производ кој се заснова на рачна изработка и висок квалитет, соопштија организаторите.

„Лаб дизајн маркет“ е изложбен салон што се наоѓа во центарот „Лабораториум“, сместен во индустриската хала на печатницата „Нова Македонија“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.