Познати македонски и балкански дизјанери учестуваа на Скопскиот моден фестивал кој заврши викендов, а се организираше во партнерство со Државна Лотарија.

Скопски моден фестивал официјално започна со атрактивно модно шоу на Елена Лука, како специјална гостинка за свеченото отварање, а пред бројната публика на настанот прикажа врвен „моден коктел“ од уникатни дизајнерски парчиња од повеќе нејзини препознатливи колекции и линии што оставиле силен моден печат.

На големата сцена премиерно ја лансираше деби колекцијата новиот бренд СЕРБЕЗ, креиран од тим инспириран од жените кои твореле и го менувале светот и „сербезлукот“ на жената како слободно, силно и самостојно битие.

Пред македонската јавност одново се претстави и познатата косовска дизајнерка YLLKA BRADA, овојпат со унисекс колекцијата „UNITY: F/W 23“.

Премиерно учество на фестивалот имаше и модната куќа BIANKA SPOSA, oснована од визионерската дизајнерка Салије Муладаути. Новата колекција докажа дека нивната уметност се протега и надвор од невестинската мода, влегувајќи во царството на ноќните свечени фустани кои зрачат со софистицираност и привлечност.

По успешната презентација на Feeric Fashion Week во Сибиу, Романија, за првпат на домашно тло блесна групата од единаесет надежни и перспективни млади дизајнерки: Оја Осман, Луна Аврамовска, Есра Фазлији, Сара Саид, Христина Ѓорѓиева, Берна Ахмед. Ебру Калинка, Хава Јахја, Маригона Рахмани, Суреја Јакупи и Ринеса Ахмети, студенти од прва и втора година на студиската програма за моден дизајн, при Фактултетот за Уметност и Дизајн на Универзитетот INTERNATIONAL BALKAN UNIVERSITY.

Студентите од прва година редизајнираа стара облека, давајќи ѝ нов живот, како не би постанала дел од текстилните депонии. Студентите од втора година се инспирираа од формите и феномените на природата, изнаоѓајќи начини да ја инкорпорираат и интерпретираат природата преку нивната работа.“, истакнаа претставниците на Меѓународниот балкански универзитет.

Бура од аплаузи на третата фестивалска вечер предизвика Ивана Кнез, која по пет години ревиска пауза, се врати како само таа умее под рефлекторите на големата сцена, докажувајќи зошто епитетот „драма“ совршено прилега на нејзиното име.

Белата ноќ во метрополата, специјално за љубителите на машката мода, ја збогатија два комплетно различни дизајнери од Србија. DJORDJE BASCAREVIC и колекцијата со назив „Off the season“ за 2024 година, донесе еклектичен микс на референци, силуети и стил.

За првпат во нашата земја со брендот MARTINI VESTO BY BOSKO гостуваше и легендарниот српски водител, долгогодишен модел и наградуван моден дизајнер БОШКО ЈАКОВЉЕВИЌ, чија колекција го отсликува поривот на неговата креативна работа, да се отфрли стереотипот дека машките одела се наменети само за формални прилики, повикувајќи се нивната приспособливост и шарм.

Финалето на третата сезона на Skopje Fashion Festival го означи брендот LA MAISON CECE T., понудувајќи целосно поинаква естетика од претходното учество на манифестацијата, што е и очекувано од дизајнерката СВЕТЛАНА ТРПЕВСКА, бидејќи нејзините колекции се секогаш различни и непредвидливи, а последната уште еден нов предизвик, со доминација на златната и црната боја, како и впечатливи кожени детали.

Фотографиите се дело на Бојан Стоилковски и Џоле Миловски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.