Рускиот дизајнер Валентин Јудашкин, кој со години учествуваше на Модната недела во Париз додека не беше исклучен поради тоа што не ја осуди офанзивата во Украина, почина на 59-годишна возраст.
Портпаролот на неговата модна компанија изјави за АФП во вторникот изјави дека „Јудашкин почина“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека Јудашкин „даде голем придонес во развојот на руската култура“.
Претседателот Владимир Путин „изразува најдлабоко сочувство“, рече Песков.
Дизајнерот веќе неколку години се бореше со ракот, јавуваат руските медиуми.
Во 1991 година, колекцијата Фаберже на Јудашкин — повторувајќи ги украсните јајца — предизвика сензација во Париз.
Оттогаш, тој редовно учествуваше на Париската модна недела со колекции понекогаш инспирирани од неговата татковина, како што се „Балет“ или „Катерина Велика“.
Во 2008 година, тој помогна во дизајнирањето на униформите на руската армија.
Во март 2022 година, француската модна федерација го откажа шоуто на Јудашкин поради тоа што не ја осуди офанзивата во Украина. (АФП)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.