Каролина Бjелавска од Полска победи на 70. издание на изборот за Мис на светот. Прва придружничка Мис на Северна и Јужна Америка, Шри Саини, оф САД, а втора придружничка  е Мис Африка, Оливија Јејс, од Брегот на Слоновата Коска.

„Мис на светот 2021“ се одржа во Музичката сала „Кока-кола“ во Сан Хуан, Порторико. Натпреварот бил првично закажан за крајот на 2020 година, но одложен поради корона-пандемијата – затоа беше одржан дури денеска.

Тони-Ен Синг од Јамајка ја круниса Каролина Бјелавска како нејзина наследничка.

Во однос на континенталните победнички, Мис Европа е Ана Лич од Северна Ирска, Мис на Азија и Океанија е Карла Јулес, а Мис Кариби е Порториканката Арјам Дијаз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.