Третото издание на Скопски моден фестивал ќе се одржи од 28 до 30 септември на нова локација – центарот за настани PURE Night Club во Градскиот парк. Посетителите и гостите ќе може да ги видат последните колекции и дизајнерски новини на официјалната ревиска програма која што ќе се одвива во четврток, петок и сабота од 18:30 до 22:30 часот.

Трите заштитни лица на третата сезона се интернационалните модели Аинура Јементајева, Тами Петковска и Кристина Велковска од Моделс Ин. Организаторите изработија најавно видео и едиторијални фотографии, инспирирани од среќната лото тројка и боите на ноќта, во соработка со дуото Frozen Time Drops. Како стилист на кампањата се потпишува Ангелина Китановска. Извршен продуцент е Милан Атанасов, креативен директор на фестивалот.

Девојките носат комбинации на ексклузивни креации од познати и еминентни имиња на нашата модна сцена:Билјана Каран,Ивана Кнез, KTN, La Maison Cece T. и Христијан Младеновски. Кошулите, од друга страна, го навестуваат пристигнувањето на брендот Сербез, чија деби колекција премиерно ќе се лансира и внесе освежување на Skopje Fashion Festival powered by Државна Лотарија.

По година и половина од првото издание, односно две одржани сезони, Скопски моден фестивал може да се пофали со бројка на учесници од над 40 дизајнери, брендови и академии, присуство на повеќе од 100 акредитирани новинари, фотографи и претставници на новите медиуми, како и посетеност од речиси 15.000 гости во текот на ревиите, изложбените салони и пропратните активности на настанот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.