Докторка откри три намирници кои мора да ги избегнувате доколку сакате да ги избегнете брчките. Според д-р Џенин Боуринг, нема смисла да трошите пари на фиоки полни со производи за убавина, доколку сепак уживате во одредена храна. Таа објасни зошто храната може да предизвика брчки и некои паметни начини како да ги избегнете, пренесува The Sun.

Првото нешто што треба да престанете да јадете ако сакате да изгледате помладо е помфрит. „Знаеме дека лошите масти во помфритот и она во што се пржат, се разбира, можат да бидат многу воспалителни за телото“, објасни таа. Проблемот е што компирот е богат со нешто што се нарекува глифосат и деутериум, што е штетно за митохондриите во нашите тела – прави да изгледате постари. „Сакаме добри митохондрии додека старееме“, продолжи докторката.

Премногу бел шеќер исто така може да направи да изгледате постаро, па лоша вест е ако сакате неколку лажички во чајот или кафето. Лошо е од истата причина како и помфритот – високото ниво на деутериум ги забавува виталните митохондрии, што може да впредизвика побрзо стареење.

И конечно, високите нивоа на транс-масти во маргаринот го отежнуваат внесувањето на хранливите материи во нашето тело и исфрлањеето на токсините.  Но, тоа не е сè, според Health Digest, маргаринот може да ја направи вашата кожа почувствителна на ултравиолетово зрачење – што може да предизвика сериозно оштетување на вашата кожа. Транс мастите во маргаринот ја уништуваат хидратацијата, а колку помалку е хидрирана вашата кожа, толку побрзо се појавуваат брчките.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.