Беше доволна само една фотографија да започне добата на супермоделите и да ги лансира овие девојки на пиедесталот на модата.
Наоми Кембел, Кристи Тарлингтон, Линџа Еванџелиста, Татјана Патиц и Синди Крафорд кои заедно ги фотографираше Питер Линдберг за насловната страница на „Vogue“ од јануари 1990 година, ги одбележаа 90-те години.
View this post on Instagram
Сега, 33 години подоцна, слична фотографија била креирана за септемвриското издание на магазинот, а верзијата на насловната страница ќе се појави во изданијата во Велика Британија и САД со наслов: „Најголемите на сите времиња“. На фотографијата недостасува само Татјана Патиц, која почина претходно оваа година.
Сега во своите 50-ти години од животот, овие 4 жени исто така ќе се појават во документарецот наречен „The Super Models“ во септември и ќе зборуваат за доцните 80-те и раните 90-те, кога започнаа да се занимаваат со манекенство.
Публиката ќе добие претстава за тоа каква ера била таа за нив, особено по спотот за песната „Freedom“ на Џорџ Мајкл. Во видеото се појавуваат сите 5 модели, очигледно откако Мајкл ги видел на насловната страница на „Vogue“.
Наоми Кембел не можела да поверува дека повторно ќе се здружи со своите колешки.
„Мојата реакција беше, дали ова навистина се случува?“, рекла Кембел (53) за публикацијата во видео-снимката.
„Едно од моите омилени нешта во модната индустрија се овие пријателства со луѓе од целиот свет“, забележала Крафорд.
„Благословена сум што се појавив во тоа време“, продолжила Кембел, додавајќи во интервјуто за насловната на „Vogue“. „Тогаш постоеше сестринство, дефинирано со грижа и лојалност“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.