Модниот дизајнер Дарко Костиќ (42) повторно  обвинет за злоупотреба среде издржување на казната за претходно кривично дело.

Овој пат го пријавил тинејџерот Шаќири Х.(19), кој на полицијата и рекол дека Костиќ ноќта меѓу вторникот и средата го врзал со јаже и го затворил во шпајзот од неговиот стан со закана дека ќе го убие.

Костиќ во јуни беше осуден на една година домашен притвор за сексуално вознемирување малолетници и чување дрога за лична употреба, но се уште ја нема отслужено казната.

Младиот Шаќири Х. попознат по уметничкото име Емил Емир кобната вечер му испратил СМС-порака на својот пријател Н.Н со објаснување дека Дарко го заклучил во оставата во неговиот стан на улицата Добрачина, па Н.Н. пријавил во полиција, но тинејџерот успеал да избега.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.