Девојката избрана за Мис на Франција за 2024 година го опиша својот успех како победа на „различноста“, добивајќи пофалби за кратката коса, како и предвидливи критики од гледачите на изборот за убавина, кои се соочија со обвинувања за сексизам.

Никој не треба да дефинира кој сте“, рече 20-годишната Ева Жилс, единствената овогодинешна натпреварувачка со кратка коса.

„Навикнати сме да гледаме убави девојки со долга коса, но јас избрав андроген изглед со кратка коса“, изјави таа по победата во саботата вечерта, додавајќи дека секоја „жена е различна, сите сме единствени“.

Девојката од село во близина на Данкерк во северна Франција беше избрана пред 5.000 гледачи во градот Дижон. Половина од бодовите ги одреди публиката, а другата половина жири составено од седум жени.

На социјалните мрежи, многу гледачи реагираа со ентузијазам, демантирајќи ги критичарите кои нејзиниот избор го прикажуваа како политизиран.

Можеби новата Мис на Франција не е прекрасна во твоите очи, но нејзината кратка коса да ја сметаш за гест на чувствителност на социјалните неправди… Просто е смешно“, објави една обожавателка на новата Мис на Франција на Х.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.