Македонската модна дизајнерка Стефанија Насеска на Скопскиот Моден Фестивал во Скопје Сити Мол ја претстави колекцијата за пролет-лето 2022 насловена како “The Great“ инспирирана од Александар Македонски и целосно модно преведена и прилагодена на современите модни трендови.
Оваа колекција е со посебно значење за мене бидејќи го одбележува десет годишниот јубилеј од прикажувањето на мојата прва самостојна колекција. И токму поради тоа изборот за инспирација паѓа на лик кој според мене претставува моќ, вели таа.
Колекцијата претставува восхит кон ликот и приказ на космополитски залагања и погледи на Големиот Александар кон светот, а поради јубилејната десетка во оваа колекција има елементи од секоја претходна.
Уметноста и креативноста не познаваат граници и според мене, Александар е лик со кој треба да се гордее цел Балкан. Прифаќање и почит кон различностите тоа е она кое нас како луѓе не прави големи или The Great, додава дизајнерката Насеска.
Токму тоа и го асоцира различноста и шаренилото на материјалите кои се инспирирани од античките мозаици.Како детали се среќаваат лавот и сонцето, а исто така и преовладува белата боја, овие и многу други елементи се заштитни симболи на античкото македонско кралско семејство.
Дури и панделките во колекцијата не се ставени случајно, туку тоа е моден превод на тројните-дупли секири кои се симбол за авторитет. За колекцијата концептуално да биде издржана изработив ташни во форма на штитови со утре модерен ‘patchwork’ дизајн и шлемови во форма на лавовска глави, појаснува модната дизајнерка.
Колекцијата беше промовирана на првата сезона од Скопскиот Моден Фестивал и ќе биде достапна во showroom-от на приземје во Скопје Сити Мол до 27-ми март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.