Секојдневното миење на косата е недостапен луксуз за многумина. Рутината за убавина одзема многу време, а во одредени периоди е и доста тешка. Потта поттикнува брзо да се мрси косата па затоа е неопходно почесто да се мие. Но и за тоа има решение. Поточно, повеќе решенија…

Почесто менувајте ја навлаката за перница

За само една ноќ, навлаката за перница е во контакт со косата и кожата на лицето најмалку 6 часа. Можете ли да замислите колку вишок себум успева да апсорбира во тоа време? Остатоци од козметика, мртви честички на епидермисот, влакна од домашни миленици, прашина и многу повеќе – сето тоа се акумулира на површината на постелнината. Загадувањето не се таложи само на вашата коса, туку и на кожата на лицето, предизвикувајќи појава на нови воспаленија. Менувајте ја постелнината барем два пати неделно.

Користете сув шампон

Сувиот шампон – производ за коса во форма на бел прав. Типично, составот содржи ориз или пченкарен скроб, бела глина, билни и антибактериски компоненти и минерали. Производот не го заменува целосното миење на косата, но помага да се отстрани нечистотијата и да се продолжи свежината на косата за неколку часа.

Внимавајте како нанесувате регенератор за коса

Нанесување регенератор или маска на целата должина на вашата коса, вклучувајќи го и коренот е една од најчестите грешки при миење на косата! Користењето на балзам или маска на овој начин само го прави скалпот уште повалкан бидејќи оставаат тенок слој на косата кој тешко се измива. Примената на овие производи на скалпот, исто така, може да доведе до иритација, алергии или првут (особено за оние со мрсни типови на кожа).

Не допирајте ја косата

Рацете се еден од највалканите делови на телото и со допирање на косата, ги пренесувате сите нечистотии во скалпот, создавајќи идеална средина за размножување на бактериите.

Избегнувајте премногу топла вода

Миењето на косата со премногу топла вода го измива заштитниот липиден слој, кој го спречува испарувањето на влагата од површината на кожата и го штити епидермисот од патогени бактерии. Постојаното миење и плакнење на косата со премногу топла вода може да резултира не само со зголемено производство на себум, туку и со сушење на косата и скалпот. Затоа, исплакнете ја косата со ладна вода.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.