Како и секоја година институтот „Пантон“, најголемиот авторитет за бои, одредува боја на годината која ќе ја одбележи следната 2024-та во модата, дизајнот на продукти, технологијата, дизајнот на ентериери и мебел, шминката и други области на животниот стил. Експертите од институтот проучуваат разни аспекти за да ја пронајдат бојата која ќе ја одбележи следната година – од модните писти преку поп културата до човековата психологија.

Резултат на нивните истражувања е бојата на 2024 година – Peach Fuzz, нежна и пастелна нијанса на праска која доловува чувство на мир и спокој.

Поминуваме низ многу превирања во нашите животи и ни треба нежна боја. Peach Fuzz е топла, пријатна сенка и, пред сè, тактилна. Сметаме дека во моменти како овие, тактилноста е многу важна, имаме потреба да бидеме во контакт со други луѓе и да ги собираме во нашите домови – објасни експертот за боја Леатрис Ајсман.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PANTONE (@pantone)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.