Многубројната публика и сите присутни гости премиерно ги видоа над триесетина славни личности во улога на модели, облечени во три сосема различни изданија.
Првата модна ноќ на ѕвезди во метрополата, обединувајќи ги над триесет добро познати имиња од светот на музиката, филмот, уметноста, културата, модата, убавината и шоубизнисот, како и мноштво блогери, популарни инфлуенсери и крунисани убавици, кои заедно на трите ревии продефилираа на пистата.
Честа да ја отвори вечерта ѝ припадна на легендарната манекенка Вера Мештеровиќ во креација на Елена Лука, по која своето деби во улога на модели под блесокот од рефлекторите го имаа музичарите Давид Мука, Даниел Дан, Јана Бурческа и Гоце Маротов, актерите Марија Јанчевска и Валентин Дамчевски, писателката Ксенија Николова, уметникот Бојан Ковски, визажистката Марија Лазарова, тиктокерите Александар Динев и Душан Пауновски, водителите Миро Кацаров Нина Славковска и Анѓела Јакимовска, блогерките Антонија Локвенец и Анастасија Димеска, танчарот Џаст Даниелс итн.
За убавиот изглед на сите учесници се погрижи тимот на мејкап артисти: Сашка Мирчевска, Дина Латиф и Сања Камберска.
Автор на фотографиите е Антонио Станков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.