Сите знаеме дека овошјето и зеленчукот изобилуваат со важни нутриенти и дека би требало да бидат дел од нашата секојдневна исхрана. Сепак, оние кои се на диета, честопати го одбегнуваат овошјето, бидејќи содржи шеќер. Добрата вест е што постојат овошки кои можат да помогнат при слабеењето.
Имено, некои овошки изобилуваат со хранливи состојки кои го поттикнуваат слабеењето и можат да ни помогнат да се ослободиме од вишокот килограми. Ви откриваме кои четири видови овошје би требало што почесто да наоѓаат место на вашата чинија, бидејќи се извор на одлични нутриенти, а истовремено го спречуваат дебелеењето.
Боровинки
Научниците откриле дека боровинките се одличен извор на важни антиоксиданси, наречени флавоноиди, кои можат да го спречат дебелеењето. Не е точно разјаснето како го спречуваат дебелеењето, но консумацијата на храна богата со флавоноиди може да ни помогне полесно да се заситиме и да ни ја намали потребата од нездрава храна, која знаеме дека доведува до дебелеење. Боровинките изобилуваат со влакна, поради што многу заситуваат и тие важат за едно од најздравите овошја.
Јаболка
Јаболкото може да ни помогне да останеме во форма. Ова овошје е богато со флавоноидни полимери и преполно е со влакна, што го прави една од најздравите овошки за слабеење. Најдобро е да ги јадете неизлупени, бидејќи кората содржи најмногу влакна и антиоксиданси. Помага и за контрола на шеќерот во крвта, со што се намалува желбата за храна и прејадување, како и ризикот од развој на дијабетес.
Круши
Крушите, исто така, можат да го спречат дебелеењето и тоа, затоа што изобилуваат со флавоноидни полимери и влакна. Овошките што содржат влакна се одличен избор за луѓето кои имаат проблеми со вишокот килограми, бидејќи влакната го исполнуваат желудникот и даваат чувство на ситост.
Јагоди
Јагодите помагаат во одржувањето на тежината од истата причина како и боровинките: богати се со важни антиоксиданси. Експертите препорачуваат околу 150 г јагоди дневно, а најдобро е да ги консумирате за појадок или како ужина, со немасен јогурт или овесни снегулки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.