Модниот бренд „Баленсијага“, во новата колекција за пролет 2024 година претстави здолништа што личат на крпи.

Цената на ова необично парче облека е 925 долари (околу 853 евра), а модниот бренд објави дека здолништето веќе може да се нарача преку нивната интернет страница. На промотивните фотографии манекенот ја има облечено „крпата“ – црна, па сива, обвиткана околу половината, со широки панталони под неа, а нагоре носи црна блуза со качулка и очила за сонце.

„Ова е апсурдно. Овие брендови ќе продаваат сѐ и сешто по толку смешно високи цени“, „Повторно ќе кажам, ‘Баленсијага’ спроведува експеримент. Ова е научно испитување на однесувањето. Не може да убедите оти не е така“, „’Баленсијага’ е толку несериозна“, „Каква лудост е ова!?“ – се дел од коментарите.

И претставници на некои компании кои продаваат крпи за хигиена се пошегуваа дека продаваат исти такви „здолништа“, но по пониски цени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.