Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари и државниот секретар на Министерството за труд и социјална политика, Флакрон Беџети официјално го означија почетокот на функционирањето на доградбата на градинката „Детска Радост“ во Гостивар. Со новата доградба која е инвестиција на Министерството за труд и социјална политика преку Проектот за подобрување на социјалните услуги со финансиската поддршка на Светска Банка.

„Посветеноста, заедничката визија и заложбите за подобра иднина и денес се доказ дека вродуваат со плод. Заедно го означуваме официјалното отпочнување на работата на доградбата на градинката „Детска Радост“ во Гостивар со додавање на пет училници каде една од нив е и јаслена. Доградбата е проектирана на 100 деца“ рече Тренчевска.

Таа во своето обраќање истакна дека една од клучните карактеристики на доградбата на градинката е и еколошкиот начин на греење со  пелети со што функционирањето на градинката не само што се усогласува со повисоките стандарди, туку и ги ја нагласува одговорноста на државата кон зачувување на природата.

„Ништо од ова не би било возможно без непроценливата поддршка на Светската банка, чија финансиска поддршка од над 34 милиони денари одигра клучна улога во реализирање на овој проект. Ја изразуваме нашата најдлабока благодарност за нивните инвестиции во иднината на нашите деца. Од 2017 година, Владата инвестираше во 81 градинка, при што од 16 од нив беа реализирани преку Проектот за подобрување на социјалните услуги. Само во 2023 година, три нови градинки во Ѓорче Петров, Карпош и Пробиштип ги отворија вратите за децата од општините, зголемувајќи го сместувачкиот капацитет за 324 деца“ истакна Тренчевска во нејзиното обраќање

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.