Да ја вратиме традицијата на маалската игра и дружба. Денес од 12 до 20 часот во паркот “Авионче” – Ново Лисиче, Општина Аеродром ќе можете да присуствувате на Маалски игри без граници 2024.
Играњето игри пред маалата и дружењето проследено со детски џагор е сѐ помалку присутно во скопските населби, a во минатото тоа беше препознатлив симбол на маалскиот живот кај скопјани.
Модерното време ја донесе дигитализација, децата се оттргна маалата и играта, а тоа придонесе децата сѐ помалку да се социјализираат.
Нашата цел е реафирмирање на маалските игри без граници кои се подзаборавени под налетот на новите технологии и виртуелните електронски игри. Исто така, наша цел е да се промовираат и поттикнат здрави практики преку спортување и дружење, како неопходни квалитативни компоненти во животот на секој човек, особено на децата и младите.
Децата ќе имаат можност да научат и да се натпреваруваат во народна, грабни стапче, плочка, влечење со јаже, граница или сакате ли војна.
Забавни активности со 6 џиновски замоци, многу музика и изненадувања. Маалски игри без граници – настан за целото семејство. Ве очекуваме!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.