Ви откриваме најдобриот рецепт за турски пржени лепчиња кои се приготвуваат за миг

Состојки:
прстофат сол
3 јајца
прстофат сода за леб
8 парчиња леб
400 г кисело млеко
масло за пржење

Приготвување:
Земете парчиња леб и исечете ги по средината. Сипете масло во тавче и загрејте го. Изматете јајца во чинија и додајте прстофат сол. Во тоа додајте сода и кисело млеко, па добро промешајте. Штом маслото се загрее, потопувајте ги парчињата леб во смесата и пржете ги додека добијат златна боја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.