Европската комисија им додели ознака за заштитено потекло на турските маслинки „Милас Јагли Зејтини“.

Станува збор за трпезни маслинки со црно-виолетова боја од сортата „Мемеџик“ одгледувани во реонот на Милас во југозападна Турција, ферментирани во саламура и конзервирани во маслиново масло произведено од истата сорта со свежи парчиња лимон.

Специфичноста на маслинките е условена од климатските услови во регионот во кој растат, а конзервирањето во маслиновото масло и лимон ги подобрува нивниот природен вкус и арома.

Маслинките „Милас Јагли Зејтини“ станаа 1654 земјоделски производ на листата на стоки на ЕУ со ознака за заштитено потекло.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.