Овошната салата е идеален оброк за топлите летни денови, без разлика дали ви треба алтернатива за појадок или ужина која ќе ве освежи попладне. Основата на салатата треба да биде лубеницата, која освен што освежува, има и бројни здравствени придобивки.

Исчистете двете подебели кришки лубеница и исечете ја на коцки. Додадете други летни овошја по желба: коцки диња, киви, манго, малини, боровинки, јагоди…

Во сокот од лубеницата и дињата додадете малку исцеден сок од лимон, а потоа прелијте го со овошјето и изладете го во фрижидер еден час. Послужете и уживајте во слатките летни вкусови, а можете да додадете и шлаг доколку сакате вистински десерт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.