Шпанскиот омлет е јадење што се приготвува од намирници кои сигурно ги имате дома. Но ако го нарачате во ресторан, порцијата може да биде поскапа и од 500 денари! Но ако го приготвувате дома, ќе ви излезе многу евтино!
Состојки:
500 г компир
150 мл масло
6 јајца
1 кромид
1/4 врзоп магдонос
сол и бибер
Излупете го компирот и исечкајте го на што поситни парчиња. Потоа, во тавче на малку масло продинстајте кромид, додајте компир, па поклопете и оставете да се динста додека омекне компирот. Изматете јајца, посолете ги и забиберите ги, па прелејте ги преку компирите. Поклопете и оставете да се испече. Додајте свеж магдонос и послужете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.