Полнети пиперки, тиквички, сарми, мусака, болоњезе…Меленото месо во македонската кујна го користиме многу. Постојат различни трикови и совети со кои секогаш ќе биде сочно и вкусно.

Една од нив е правилното пропржување.

Речиси секоја домаќинка прво го пропржува исечканиот кромид, а кога ќе омекне, го додава мелено месо.

Но, ако прво го испржите меленото месо, неговите пори подобро ќе се затворат и со тоа ќе се намали можноста да се превари и да се исуши. Исто така, кога кромидот ќе се додаде по пропржувањето на месото, подобро ќе ги ослободи аромите и ќе го подобри вкусот на целото јадење.

Како го подготвувате месото вие?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.