Најдобро е да го сервирате со печен компир или пире

Состојки:
800 г пилешки батаци
400 г моцарела
400 мл неутрална павлака
сол и бибер по вкус
1 праз
мало гранче рузмарин

Приготвување:
1. Исчистете го батакот од коски и испечете го во тавче. Кога ќе биде речиси готов, извадете го од тавчето и на истото масло пропржете ситно сечкан праз и гранче рузмарин. Потоа, вратете го батакот во тавчето. Сипете неутрална павлака и оставете да се крчка 10 минути.

2. Потоа, сето тоа префрлете го во тепсија, исечкајте ја моцарелата на парчиња и наредете ја преку батакот. Ставете го јадењето во рерна и печете го 15 минути на 180 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.