Ако има нешто што може да ве разлади, кога ќе дојдат големите летни горештини, тоа е домашниот сладолед од праска, кој можете да го направите на следниот начин:
СОСТОЈКИ:
две чаши сечкани праски
чаша шеќер
две шољи слатка павлака
чаша полномасно млеко
половина лажичка екстракт од ванила
ПОДГОТОВКА:
Сечканите праски измешајте ги со половина шолја шеќер, оставете ги да отстојат 15 минути, па измешајте во блендер. Се префрлаат во пластичен сад, се додаваат слатката павлака, млекото, преостанатиот шеќер и екстрактот од ванила и се мешаат со миксер додека не се добие еднолична кремаста смеса. Ставете го во замрзнувач да се олади и да се стегне сладоледот, па послужете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.