Пржени лепчиња – омилениот појадок од детството, но и сега кога сме возрасни нè радуваат и сакаме да ги јадеме, особено со јогурт или кисело млеко. Ќе се согласите, не е посебна уметност да се направат пржени лепчиња, но познатите готвачи сепак имаат свои „трикови“ за овој „специјалитет“.
Во прилог ви претставуваме еден од нив.Имено, јајцата и лебот се основа за пржената храна, но потребни им сè уште неколку додатоци за да бидат повкусни и гастрономски поинтересни. Еве која е „тајната состојка“ што им ја додаваат професионалните готвачи и како ги подготвуваат.
Важно е јајцата да се матат со жица или виљушка, никако со миксер. Обидете се да исечете тенки парчиња стар леб, за побрзо да се испржат.Но, не го прескокнувајте овој чекор – додадете ким во смесата со јајца! Можеби звучи необично, но светски познатите готвачи тврдат дека токму овој зачин го претвора ова едноставно јадење во врвен специјалитет и му дава посебен шмек. Кимот не само што е вкусен, туку има и бројни здравствени придобивки!Значи, поентата е во додавањето ким, но и во внимателната подготовка! Имено, искусните мајстори имаат уште неколку адути во ракавите – а ние ви ги откриваме. Доколку пржените лепчиња ви се лепливи, загорени, или, пак, „живи“, еве каде грешите и како да го поправите тоа.
Премногу тенко го сечете лебот
Доколку кришките се премногу тенки, лебот лесно може да се распадне бидејќи смесата од јајца е „тешка“. Парчињата треба да бидат дебели околу сантиметар и пол.
Користите свеж леб
Секогаш е подобро да се користи леб кој е отстоен еден ден.
Ги пржите на путер
Путерот гори на високи температури, па затоа е далеку подобро да се користи растително масло.
Не користите млеко
Иако тоа не е вообичаена практика кај нас, сепак пржената храна е многу повкусна кога во смесата со јајца се додава млеко, и тоа полномасно!
Ставате премногу јајца
Груба формула за подготовка на смесата од јајца е дека треба да користите четвртина шолја млеко и едно јајце на две кришки леб.
Ги заборавате зачините
Прстофат ким, бибер или малку пармезан во смесата ќе ги направат обичните пржени лепчиња „ремек-дело“, а доколку сакате слатка варијанта нека биде цимет, ванила или шеќер во прав.
Нетрпеливи сте
Маслото мора да биде врело како лепчињата не би апсорбирале премногу маснотии. Печете ги на средно силна топлина по неколку минути од секоја страна.
Извор: Убавина и здравје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.