Комбинацијата од овие состојки не само што е извор на витамини корисни за здравјето и изгледот туку претставува и вкусно задоволство.

Потребни состојки:

Марула: Oдличен извор на бета каротен (витамин А) кој е потребен за здрава кожа, коски и очи.

Спанаќ: Eден од најбогатите извори на железо. Железото помага во транспортот на кислород низ телото и помага во производството на енергија.

Лимон: Лимоните имаат висока содржина на витамин Ц. Витаминот Ц ги неутрализира слободните радикали кои предизвикуваат оксидативно оштетување и стареење на кожата.

Јаболка или круша: Јаболката и крушите помагаат да се избалансира горчината на зелените состојки со некоја природна сладост. И двете се богати со влакна, кои му помагаат на телото да ја разгради храната што ја јадеме.

Банана: Богата е со витамини А, Б и Е кои се неопходни за да се постигне здрав и блескав тен и дополнително постигнува густина и сладост на пијалокот.

Кокосова вода: Позната по своите многубројни придобивки за кожата, вклучувајќи хидратација, намалување на фините линии и брчки и подобрување на еластичноста на кожата.

Сите состојки се сечат на парчиња и се блендираат додека не се добие соединета течност без парчиња.

Наздравје!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.