Почувствувајте го мирисот на Медитеранот на вашата трпеза, со овој совршен спој на традиционалната и грчката кујна. Ретко кој може да им одолее на полнетите пиперки по рецепт на Грците. Затоа, задолжително испробајте го ова сочно јадење кое е идеално за летниот период.

Состојки:
6 пиперки бабури
360 г туна
250 мл грчки јогурт
1 лажица сенф
1 млад кромид
сок од половина лимон
80 г кикирики
сол и бибер
50 г кашкавал

Приготвување:
Пресечете ги пиперките на пола, ставете ги во плех и печете ги во рерна на 220 степени околу 20 минути. За тоа време, пригответе го филот. Измешајте туна, грчки јогурт, сенф, млад кромид, сок од лимон и кикирики. Посолете и забиберите.

Филувајте ги пиперките, додајте рендан кашкавал и потпечете ги уште 5 минути на 220 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.