Тортата „мрзлива жена“ толку лесно се приготвува што и дете може да ја направи!

Состојки:
200 г чоколаден крем
300 г мелени бисквити
300 г малини
од 700 до 100 г шлаг (зависи од големината на калапот)
малку ореви за декорација

Приготвување:
Изматете шлаг и поделете го на три дела. Во едниот дел ставете крем, во другиот мелени бисквити, а во третиот дел ставете малини.

Во калап наредете го прво делот со бисквити, потоа делот со малини, па делот со крем. Одозгора сипете малку ореви. Оладете ја тортата и послужете ја.


Извор: Убавина и здравје


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.