Сите сакаме едноставни, но вкусни оброци. И ако е можно, да не чинат многу. Меѓу нив се и неодоливите печени макарони со јогурт.
Ако сте цел ден на работа и ги бркате децата, веројатно не сте расположени да поминувате часови во кујната подготвувајќи ручек или вечера. Затоа едноставните и брзи рецепти се толку популарни. А печените макарони со јогурт ги сакаат сите бидејќи се исклучително вкусни.
400 гр макарони
1/2 јогурт
3-4 јајца
2 лажици урда
1 лажица кисела павлака
морска сол по вкус
малку масло
Подготовка:
Сварете ги макароните во зовриена солена вода. Потоа исплакнете ги под ладна вода и исцедете ги.
Јајцата се матат, па се додаваат јогуртот, павлаката, сирењето и посолете. Мешајте додека не се соединат сите состојки.
Во подмачкан огноотпорен сад истурете ги макароните, па изматената смеса. Промешајте и печете во рерна загреана на 200 Целзиусови степени додека не поруменат. Доколку сакате, кон крајот на печењето, посипете ги макароните со рендан пармезан. послужете топло со јогурт.
Извор: Убавина и здравје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.