Љубителите на палачинки дефинитивно ќе уживаат во кремавиот и богат вкус на овој солен ролат.
Еве како да го приготвите:
Состојки:
За палачинките:
2 јајца
200 г брашно
1/2 лажиче шеќер
50 мл млеко
250 мл вода
прстофат сол
масло
За филот:
250 г крем-сирење
250 г шунка
250 г овчо сирење
100 мл кечап
оригано
Приготвување:
За приготвување на смесата за палачинките – се матат јајцата со млеко и со 250 мл вода, се додаваат брашното, шеќерот и солта, па добро се мати со жица за матење. Ако е смесата премногу густа, се долева уште малку вода за да не бидат дебели палачинките.
Во тавче се загрева масло, па со лажица се разлева во него од смесата за палачинки (секојпат пред разлевањето смесата се промешува) и се пече од двете страни, додека порумени. На истиот начин се печат шест палачинки.
На работната масичка се става поголемо парче фолија, па преку неа се распоредуваат палачинките една до друга, така што на краевите ќе се преклопуваат.
Подлогата од палачинки се премачкува со крем-сирење и се израмнува со шпакла. Се посипуваат изренданата шунка, овчото сирење и ориганото, па се попрскува со малку кечап.
Ролатот цврсто се мота и се витка во фолијата, па се остава во фрижидер да се стегне. Утредента се сече на парчиња и се послужува.
Извор: Убавина и здравје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.