На новогодишната трпеза обично има многу различни специјалитети, и солени и слатки, но некои јадења е подобро да ги прескокнете баш тој ден за да ве следи среќа во новата година. Овие јадења не треба да бидат на менито ноќта помеѓу 31 декември и 1 јануари.

Пилешко и мисирка

Ако не сакате среќата да ви одлета, тогаш подобро е да избегнувате пилешко и мисиркино месо на новогодишната ноќ. Птиците, кога ги чистат пердувите, гледаат наназад. Тоа може да значи дека тие живеат во минатото. Ако сакате месо, тогаш свинското месо е подобар избор, бидејќи свињите однапред ја копаат земјата.

Краби, јастози и ракчиња

За Нова година не подготвувајте салати и храна со ракови, доколку не сакате да се соочите со многу неуспешна 2023 година. Овие животни се движат наназад или настрана, а не напред. Не треба целосно да се откажете од морската храна, туку да ја замените со риба, како лосос или туна.

Школки

Кога сме кај ракчињата, добро е да се напомене дека не треба да се подготвуваат ниту школки. Тие се сметаат за лоша среќа на трпезата, бидејќи ја земаат храната од дното на океанот.

Воздушен леб

Избегнувајте воздушен леб на новогодишната трпеза. Големиот број отвори за воздух во лебот се сметаат за знаци на смрт. Можете да јадете само кружен леб, најубаво погача, бидејќи круговите претставуваат среќа.

Ориз

На трпезата не смее да има ниту храна во бела боја, бидејќи во кинеската традиција се смета дека носи лоша среќа и ја симболизира смртта. На новогодишната вечера треба да се заборават тофу, јајца, ориз, карфиол и бело сирење. Подобро е да се подготвува храна со посилни бои, како зелена и жолта, кои означуваат среќа и просперитет. Портокалите носат среќа, па може да се послужат и по главниот оброк.

Банани

Бананите се предвесници на лоши настани, пишува порталот „Делиш“. Подобро би било оние кои ги сакаат да се откажат од бананите до следната година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.