Сочна, освежителна и вкусна торта која може да се направи со секое овошје. Готова е за само 15 минути!

500 грама слатка павлака

400 грама кисела павлака

130-150 грама шеќер во прав или друг засладувач

400 грама мелени бисквити (по избор)

100 грама кокосово брашно

400 грама замрзнати бобинки (шумско овошје, јагоди или капини…)

шлаг за декорација (по избор)

Начин на подготовка:

1. Прво изматете 500 милилитри слатка павлака. Во друг сад ставете 400 грама павлака, додадете 130 грама шеќер во прав и кратко измешајте со миксер. Потоа, додадете ја киселата павлака во садот со слатката павлака, измешајте и префрлете во поголем сад.

2. Додадете 100 грама кокос. Доколку не ви се допаѓа кокосот, можете да ја зголемите количината на мелените бисквити за 100 грама.

3. Додадете 400 грама мелени бисквити и 400 грама замрзнати малини или замрзнато овошје и измешајте.

4. Префрлете ја смесата во калапот и покријте со проѕирна фолија.

5. Ставете ја тортата во фрижидер или замрзнувач, а по еден час извадете ја тортата и декорирајте со шлаг. Одозгора можете да посипете малку кокос или рендано чоколадо, чоколадни трошки или капки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.