Рецепт за омилениот посен појадок во Југославија што апсолутно сите го обожавале
Посната проја со праз била задолжително јадење на трпезите во Југославија за време на велигденскиот пост. Домашните го обожавале нејзиниот мирис додека се пече, а речиси никој не можел да се задржи на едно парче поради неодоливиот вкус. За приготвување потребни се многу малку време и пари!
Состојки:
200 г бело брашно
200 г пченкарно брашно
2 страка праз
половина чаша масло
1 кесичка прашок за печиво
2 чаши кисела вода
сол
сусам по желба
Приготвување:
Исечкајте го белиот и зелениот дел од празот, па зелениот оставете го на страна, а белиот пропржете го на малку масло. Потоа, измешајте бело и пченкарно брашно, прашок за печиво, масло и кисела вода и посолете по желба. Во смесата додајте го пржениот праз и добро промешајте. По желба, одозгора може да додадете и сусам.
Добиената смеса сипете ја во плех и печете ја во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 20 минути. Потоа, извадете ја и посипете ја со зелениот дел од празот. Вратете ја да се пече уште десетина минути додека зарумени убаво.
Добар апетит!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.