„Ние сме заедница“ е мотото на третиот Слоу фуд салон што ќе се одржи на 9 ноември, во хoтел Лимак, Скопје.
На настанот ќе биде целата мрежа на Слоу Фуд: производителите, активистите, готвачите, младите, експертите, волонтерите, едукатирите…., ние што го носиме знакот на полжавчето и така размислуваме, ќе има шаренило од бои, вкусови, насмевки и енергии а локалните производи се на пиедестал: не поради носталгијата туку поради тоа што ни се идентитетот и културата. Да, ние сме заедница. Со заедничка мисија: нашето да го спасиме од забревтаната технологија, глобализираната трговија со храна и предизвиците на новото време, меѓусебно сплотени и поврзани го градиме локалниот систем на храна, обезбедувајќи- наша храна, а тоа е целта на секој член на Слоу Фуд Македонија“ велат организаторите.
Слоу фуд салон опфаќа повеќе сегменти: изложба и голем пазар на храна од мали производители, салон на семејни винарии, дестилерии и занаетчиски пивари, конференции посветени на малите производители и едукацијата во Слоу Фуд, семинар за новите иницијативи на Слоу Фуд, Мастер класови и работилници за вкус и катче за едукација за деца.
Слоу фуд салон 2024 ќе се организира со финансиска поддршка на шведската организација We Effect и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.