Палачинките, солени или слатки се омилени во овој регион, а секој барем еднаш се обидел да ги направи. Подготовката на смесата не е тешка, бидејќи состојките само се мешаат, но сепак треба да ја погодите вистинската мерка за да успеете. Ви предлагаме да го пробате арапскиот рецепт за палачинки направени со банана, квасец и кефир, кои ќе испаднат неверојатно меки и воздушeсти.

Состојки:

2 банани
1 лажичка сув квасец
1 лажичка шеќер
1/2 лажичка сол
3 јајца
350 мл кефир
300 мл топла вода
350 гр брашно

Подготовка:

Во блендер ставете ги бананите, сувиот квасец, шеќерот, солта, кефирот и јајцата. Добро измешајте, па додадете брашно и топла вода, па повторно изблендирајте. Истурете ја смесата во сад, а потоа покријте ја со проѕирна фолија и оставете да отстои еден час. Добро подмачкајте ја тавата, а потоа испржете ги палачинките со преливање на една лажичка од смесата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.