Познато е дека во Турција можете да пробате некои од најубавите десерти на светот, а први на листата секогаш се баклавите. Меѓутоа, ви откриваме рецепт за необичен десерт од тавче што содржи една посебна состојка – сирење!
Состојки:
За тестото:
140 г гриз
300 мл топла вода
1 лажиче сув квасец
1 лажица шеќер
20 г брашно
1 пакување прашок за печиво
прстофат сол
За сирупот:
100 г шеќер
100 мл вода
1 резанка лимон
За полнењето:
100 г моцарела
40 г чедар кашкавал
За декорација:
ф’стаци
Приготвување:
За да го приготвите тестото, во еден сад сипете 140 гриз, 300 мл млака вода, лажиче сув квасец, лажица шеќер и 20 г брашно, па сето тоа соединете го со миксер. Кога ќе добиете смеса без грутки, додајте пакување прашок за печиво, па сето тоа добро промешајте го. Така добиената течно-пенеста смеса покријте ја со пластична фолија и оставете ја да отстои 15 минути.
За сирупот, на тивок оган во тенџере сипете 100 г шеќер и 100 мл вода и добро промешајте. Потоа, додајте резанка лимон и оставете го сето тоа заедно да се вари 5 минути, па тргнете го од рингла.
За полнењето, искинете ги на ситни парчиња или изрендајте ги моцарелата и чедарот.
Земете малку подлабоко тавче и сипете 2 капки масло. Кога маслото доволно ќе се загрее, сипете во тавчето половина од смесата за тестото и почекајте да се испече за да добие благо златеникава боја, па префрлете го на чинија.
Повторете го истиот процес со преостанатата половина од смесата за тестото.
Кога и двете половини од тестото ќе се испечат, во чисто тавче загрејте масло и ставете една испечена половина, па преку неа посипете моцарела и чедар. Потоа, сето тоа преклопете го со другата половина од тестото. Така наредено печете го на тивок оган 5 минути.
Кога ќе се испече, пресечете го декоративно на триаголници и прелејте го со претходно приготвениот сируп, а потоа посипете мелени ф’стаци како декорација.
Погледнете го видеото во продолжение за подетални упатства…
Извор: Убавина и здравје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.