Можете да направите вкусн колач со вишни на милион начини, но ние имаме брз и лесен рецепт. Овој колач речиси секој може да го направи!

Состојки:
100 грама несолен путер
350 грама свежи вишни
130 грама брашно
55 грама мелени бадеми
1 кесичка прашок за пециво
1/4 лажичка морска сол
2 големи јајца, чувани на собна температура
150 грама бел шеќер
1 лажичка екстракт од ванила
1/3 чаша (80 ml) млеко, на собна температура

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Тавата со дијаметар од 23 см намачкајте ја со путер или масло. Обложете го дното на тавата со круг хартија за печење.
Растопете го путерот во мало тенџере на тивок оган. Потоа тргнете го од шпоретот и оставете го на страна.
Добро измијте ги и исцедете ги вишните. Земете 15 вишни, пресечете ги на половина, и ставете ги на хартиена крпа со исечената страна надолу. Оставете ги на страна бидејќи ќе се стават врз колачот за време на печењето. Остатокот од вишните исечете ги на ситни парчиња.
Во посебен сад измешајте го брашното со мелените бадеми, прашокот за пециво и солта.
Во сад се ставаат јајцата и шеќерот и се матат со миксер околу 3-5 минути. Додадете го екстрактот од ванила, а потоа користете жица за матење за да се измешате стопениот и изладен путер и млеко додека не се соединат. Потоа измешајте ја смесата со брашното. Нежно додадете ги сечканите вишни (не 15-те што ги преполовивте за врвот на колачот). Истурете го тестото во подготвената тава и израмнете ја смесата со лажица или шпатула.
Печете 15 минути или додека тестото не се стегне, а потоа извадете го од рерна. Преостанатите цреши, со исечена страна надолу, брзо распоредете ги врз тортата. Вратете ја тортата во рерна и печете уште 15 минути или додека не порумени.
Извадете го од рерна и ставете го на решетка малку да се излади (околу 10 минути). Извадете ги страните од тавата и оставете го колачот целосно да се излади пред да го послужите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.