Време е да замесите миризливо и меко тесто од кое ќе приготвите фантастични кифлички

Состојки:
800 г брашно
1 јајце
100 мл масло
1 лажиче шеќер
1,5 лажиче сол
30 г квасец
200 мл јогурт
200 мл вода

За премачкување:

200 г путер
За филот:
300-400 г спанаќ
2 јајца
200-260 г сирење
1 јајце за премачкување

Приготвување:
Активирајте го квасецот со малку вода, шеќер и малку брашно. Потоа, додајте јајце, масло, сол, јогурт, вода и преостанатото брашно. Кога ќе замесите тесто, премачкајте го неколку пати со путер.

Пригответе фил од јајца, сирење и спанаќ.

Расучете тесто, филувајте го и завиткајте го во кифлички, па наредете ги во плех. Премачкајте ги со јајце и печете ги во загреана рерна на 200 степени Целзиусови околу 10 минути, а потоа на 180 степени Целзиусови околу 15 минути.


Извор: Убавина и здравје


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.