Тусрксиот симит е вкусно и крцкаво печиво, кое наликува на нашиот ѓеврек. Во Турција нема место каде што не можете да го најдете овој турски деликатес, без оглед дали тоа во секоја пекара или кај уличните продавачи.
Но, за да пробате турски симит, не мора да одите во Турција, туку можете лесно да го подготвите и дома.
Состојки:
300 мл топла вода
4 грама сув квасец или 12 грама свеж квасец
500 грама брашно
1,5 лажичка сол.
За премачкување:
100 мл меласа (во замена може да се користи мед)
50 мл вода
1 лажица брашно
200-300 грама кратко пропечен сусам (по желба).
Подготовка:
1. Во длаок сад ставете ги брашното, квасецот и солта. Ако користите свеж квасец, растворете го во топла вода и малку шеќер и оставете го да нарасне. Во садот со брашното постепено додавајте вода и замесете тесто. Тестото оставете го да нарасне 30 минути.
2. Во меѓувреме, во поголем сад ставете ги меласата, една лажица брашно и водата, а во друг сад ставете го кратко пропечениот сусам.
3. Тестото ставете го на набрашнета површина и поделете го на 12 еднакви делови. Од секој дел формирајте топче.
4. Со раце, секое топче исукајте го во форма на долга лента (грисина). Тестото преклопете го на
половина, така што ќе добиете два дела. Двата дела исплетете ги во плетенка и свртете ги во круг. Краевите соединете ги и притиснете ги за да добиете форма на венец.
5. Потопете ги симитите прво во меласа, а потоа во сусам и ставете ги во тава обложена со хартија за печење.
6. Вака подготвените симити оставете ги за време од 15-30 минути.
7. Потоа печете ги во загреана рерна на 250 степени за време од 15-20 минути, додека не поруменат.
Готовите симити извадете ги од рерна и послужете ги додека се топли
Совети плус:
Подготвените симити можете и да ги замрзнете, па по потреба да ги вадите и да ги печете. Така ќе имате топли симити кога и да посакате.
Доколку ги печете замрзнати, времето за печење се продолжува за 5 минути
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.