Летото конечно е тука, време кога безгрижно можеме да уживаме во нашите омилени коктели.

Ви предлагаме ова лето да се разладите со џин тоник на стапче. „Popsicle“ или сладолед, кој се прави од овошен сируп, омиленото уживање на децата, но доколку додадете џин, послужете го само на возрасните.

Пред подготовка, потребни ви се пластични калапи за сладолед.

– џин

– тоник

– свежо исцеден сок од лимета

– свежа краставица исечена на тенки кругови

Измешајте ги џинот, тоникот и сокот од лимета, па смесата истурете ја во калапи за сладолед и додадете неколку кришки краставица. Оставете да замрзне преку ноќ.

Бидејќи алкохолот ја намалува точката на мрзнење, сладоледот нема да биде толку цврст, но ќе остане на стапчето. Замрзнатото задоволство најдобро е да го послужите во празна чаша за лесно уживање!

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.