Овој колач се приготвува многу едноставно, а најдобро од сè е што не се пече. Многу е кремлив и вкусен, а доколку го послужите директно од фрижидер, ќе добиете вистински освежителен десерт!
Состојки:
За базата:
500 мл млеко
100 г шеќер
100 г гриз
За филот:
500 мл млеко
5 лажици шеќер
2 кесички пудинг од ванила (вкупно 72 г)
75 г маргарин
75 г слатка павлака
За глазурата:
250 мл слатка павлака
150 г чоколадо
Приготвување:
Во тенџере сипете млеко, шеќер и гриз и варете го неколку минути. Потоа, префрлете ја смесата во калап и ставете ја да се олади.
За филот, сипете млеко во тенџере, а потоа додајте шеќер и пудинг од ванила и добро промешајте. Ставете го на рингла да се вари со непрекинато мешање. Потоа, ставете го филот да се лади. Кога филот целосно ќе се олади, додајте маргарин во него и изматете со миксер, па додајте и слатка павлака. Распоредете го филот преку базата и пригответе ја глазурата.
За глазурата, сварете слатка павлаката, па ставете го чоколадото да се стопи и потоа прелејте го колачот со смесата.
Оставете го колачот во фрижидер да се лади.
Извор: Убавина и здравје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.