Многу домаќинки пробуваат сè и сешто за да добијат совршена смеса за палачинки, додека од страна се чини како да не постои ништо полесно од приготвувањето на овој омилен десерт.

Меѓутоа, не е сè толку едноставно како што се чини, но постои трик со помош на кој палачинките ќе бидат совршено меки и вкусни. Тајната е во количината и квалитетот на одредени состојки.

Многумина мислат дека колку повеќе јајца стават во смесата толку повкусна и подобра ќе биде, Меѓутоа, тоа е и најголемата грешка, поради која омилениот десерт може да стане жилав и тврд како гума.

Па така, ако ставите 3-4 јајца на 500 мл млеко, тоа е премногу, а едно јајце е, пак, премалку. Како тогаш да ја погодите мерката? Идеалната количина е 2 јајца на секои 500 мл млеко. Токму овој сооднос е заслужен за најубавите палачинки.

Освен јајца, многу е важно и брашното, од кое исто така зависи дали палачинките ќе бидат меки. Доколку користите 2 јајца и 500 мл млеко, тогаш додајте 300 г брашно. Задолжително просејте го, а пожелно е да го направите тоа неколку пати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.