Потребни состојки:

  • 700 мл млеко
  • 200 мл слатка павлака
  • 200 грама гриз
  • 125 грама маргарин
  • 330 грама шеќер вкупно
  • 2 кесички пудинг од ванила
  • 1 кесичка шлаг пена
  • 1 прашок за пециво
  • 2 јајца
  • 4 изрендани јаболки без лушпа

Подготовка:

🍰 Во 700 мл млеко и 130 гр шеќер сварете 2 кесички пудинг од ванила. Покријте го со целофан фолија и оставете да се излади.
🍰 Изматете 2 јајца со 200 гр шеќер. Додадете 250 мл млеко и 100 мл масло и тоа изматете го кратко. Додадете 200 гр гриз и 1 пециво. На крај додадете 4 изрендани јаболки ( без лушпа ). Тестото е доста ретко но такво треба да е. Печете во подмачкано тавче со хартија на дното, во тепсија со пречник 28 цм, во загреана печка на 180 степени околу 35 до 40 мин, зависно од печката. Печете внимателно затоа што е специфично тесто без брашно. Пробувајте со чепкалка. Печено и изладено внимателно превртете го на тацна, отстранете ја хартијата и повторно превртете го. Најдобро е да се пече во тепсија со обрач кој се вади но може и во обична, само внимателно.
🍰 Изладениот пудинг соединете го со 125 гр маргарин изматен со прашок од 1 кесичка шлаг пена. Намажете го филот врз тестото.
🍰 Изматете 200 мл слатка павлака и намажете ја врз филот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.