Кифличките се задолжителен дел од трпезата на секое македонско семејство. Иако постојат бројни рецепти, за вистинските гурмани највкусни се оние со кисела павлака. Доколку не сте ги пробале досега, сега е вистинскиот момент, бидејќи не знаете што пропуштате!

Состојки:
250 мл топло млеко
10 г сув квасец
2 рамни лажици шеќер
1 јајце
125 мл масло
1 лажиче сол
550 г брашно тип 400
1 чаша кисела павлака со 20% масленост

За премачкување:
малку млеко
1 разматено јајце
сусам за посипување

Приготвување:
Измешајте топло млеко, сув квасец и 2 рамни лажици шеќер, и оставете ги да отстојат 10 минути. Потоа, соединете јајце, масло и сол. Во оваа смеса додајте ја смесата со млекото и квасецот и постепено додавајте брашно. Замесете тесто. Ставете малку масло на него за да не се лепи за садот. Оставете го да одмори 10 минути и повторно премесете го. Кога ќе порасне двојно поголемо, премесете го. Поделете го на 2 еднакви дела.

Полесно ќе го расучете тестото ако од едната страна ставите малку масло. Поделете го кругот на 16 еднакви триаголници и на секој од нив ставете лажиче кисела павлака. Завиткајте ги кифличките и ставете ги во плех обложен со хартија за печење. Премачкајте ги со малку млеко и оставете ги да нараснат 15 минути. Кога ќе нараснат, премачкајте ги со разматено јајце и посипете ги со сусам. Печете ги на 200 степени додека заруменат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.