Знаеме колку е здрав медот. И знаеме дека има различни видови кои имаат различни здравствени предности, но најчесто не знаеме како да препознаеме вистински, природен мед, бидејќи денешните лажни медови ги прават речиси идентични со вистинските, по вкус, мирис и конзистенција..
Лажица мед, секој втор ден, растворен во два-три децилитри вода, вишокот килограми ќе почнат да се намалуваат, неверојатно е како делува. Ливадскиот мед е многу добар, а познат е по лековитите својства за кардиоваскуларни заболувања.
Шумскиот или црниот мед има 30 пати повеќе минерали од другите видови мед, многу е корисен, може да се каже дека е најлековит.
Меѓутоа, она што претставува голем проблем е како да се разликува вистинскиот, природен мед од лажниот.
Има еден хемиски метод, тој е најсигурен, да се стави една третина од медот во тегла и две третини од метанол, алкохол, и да се промеша.
Ако на површината од теглата нема никакви примеси, тогаш медот е чист. Но ако се појави било каква сомнителна материја, тогаш е фалсификат. Проблем има и поради тоа што пчелите се лекуваат со неодговарачки лекови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.