Сите сакаат чоколадни колачи, а ова е еден од оние што едноставно се матат и се печат. Десерт толку лесен за приготвување и многу вкусен.
Овие какао-коцки се вистински хит на сите прослави, бидејќи се чоколадни, сочни и неодоливи. Брзо и лесно се прават, па затоа ова е идеален десерт за сите љубители на чоколадо. Коцките со какао се лесни за правење, а вкусот им е неодолив.
Состојки:
250 г путер
200 г шеќер
3 јајца
200 г брашно
50 гр какао во прав
1 прашок за печиво
200 мл млеко
100 г чоколадо за готвење
1 ванилин шеќер
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 180°C.
Растопете го путерот и додајте шеќер, па матете додека смесата стане пенеста. Додајте ги јајцата едно по едно и убаво изматете. Измешајте брашно, какао во прав и прашок за печиво, па додајте ги во смесата со путер, наизменично со млекото.
На крајот додајте ги растопеното чоколадо и ванилиниот шеќер, па сè убаво измешајте. Смесата истурете ја во плех обложен со хартија за печење.
Печете околу 25-30 минути, додека чепкалката за заби излезе сува. Оставете да се излади, исечете на коцки и послужете.
Добар апетит!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.